Израелски „инфилтратори“ убија 21 лице во иранската покраина Лорестан

Од:

Иранските медиуми објавија дека неименуван пратеник рекол дека 21 лице е убиено во покраината Лорестан, на западот од земјата во близина на границата со Ирак.

Скај њуз објави дека пратеникот ги обвини „инфилтраторите“ за нападот и не кажа дали станува збор за директна израелска акција.

– Ционистичкиот режим користел инфилтратори и повеќето од акциите што ги гледаме низ целата земја ги спроведуваат овие лица, наместо ционистичкиот режим – рече пратеникот, кој не објасни кого точно мислел под „инфилтратори“.

На социјалните мрежи се шпекулира дека ќелија на Мосад сега е активирана од израелското разузнавање и дека таа ги убила членовите на Иранската револуционерна гарда кои управувале со ракетни лансери.

Британската телевизија нè потсетува дека израелската војска претходно објави дека извршила „обемни“ воздушни напади во западен Иран.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец