Израелски авиони нанесоа удар врз склад за оружје на Хезболах во Дамаск

Од:

Израелски авони нанесоа удар врз склад за оружје на либанската шиитска организација Хезболах, што се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск, наведе неименуван извор од разузнавачката служба на Сирија, пренесува БТА.

Во објектот се складирало оружје, што Иран редовно го испраќа во трговски или воено-транспортни авиони, посочи изворот.

Претходно денеска, телевизија „Ал Манар“, што е блиска со Хезболах, јави дека нападот што се случи утринава во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск веројатно е извршен од страна на израелски авиони.

Според првичните информации, биле разнесени магацини и резервоари за гориво, но нема жртви.

Иранската телевизија „Ал Алајам“ јави дека израелски авиони нападнале воена база во близина на Дамаск. Како резултат од нападот избувнал силен пожар.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца