Израелската војска нападна цели на Хутите

Од:

Израелската војска соопшти дека околу 20 борбени авиони изврши напади во текот на ноќта врз цели на Хутите во Јемен.

Нападнатите цели ги вклучувале пристаништата Ходеида, Рас Иса и Салиф, како и електраната Рас Хатиб, соопшти израелската војска, објавувајќи снимки од подготовката на воздухопловните сили за нападот, според „Тајмс оф Израел“.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека војската спроведува интензивни воздушни напади врз цели на Хутите во Јемен, вклучувајќи ги пристаништата Ходеида, Рас Иса и Салиф.

„Како што предупредив, Јемен ќе биде третиран како Техеран“, рече Кац, додавајќи дека „секој што ќе се обиде да му наштети на Израел ќе биде погоден, а Хутите ќе продолжат да плаќаат висока цена за своите постапки“.

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“