Израелската војска ја почна копнената мисија во Газа, пронајдени остатоци од заложниците

Од:

Израелската армија преку порака на арапски јазик ги извести жителите на северниот дел на Појасот Газа дека треба да се преселат во јужниот дел на енклавата користејќи ги коридорите за евакуација од 10 до 16 часот по локално време.

„Ако се грижите за себе и за вашите најблиски, одете на југ како што ви е кажано“, соопшти израелската армија, според Тајмс оф Израел.

„Бидете сигурни дека лидерите на Хамас се грижат само за себе и се засолнаа од нашите удари“, додаде војската.

Израелската војска потврди дека палестинската милитантна група Хамас држи повеќе од 120 цивили како заложници во Газа. „Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдуваат дека повеќе од 120 цивили се заробени во Газа од страна на терористичката организација Хамас“, објави утринава ИДФ на мрежата Х.

Пред седум дена Хамас изврши масовен ракетен напад на југот на Израел, по што следеше копнена инвазија, а Израел жестоко одговори со воздушни напади врз Појасот Газа.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Џонатан Конрикус на брифингот зборуваше за ситуацијата во Газа.

Тој вели дека има „значително движење на цивили“ кои се движат кон југ во Газа и дека луѓето „ја прават вистинската работа за своето семејство и сопствената безбедност“.

Но Хамас ги запира цивилите и ги користи како „човечки штит“, рече тој.

Во рациите на израелските сили во Појасот Газа, откриени се човечки останки на исчезнатите по нападот на Хамас минатиот викенд, јавуваат локалните медиуми.

Како што пренесува Хаарец, вооружените сили влегле во енклавата каде што се верува дека Хамас држел до 200 луѓе како заложници и ги извлекле телата на неколку луѓе.

Откриени се и предметите на исчезнатите лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан