Израелската одбрана уништи втора ракета лансирана кон Израел од Јемен

Од:

Израелската воздушна одбрана пресретна уште една балистичка ракета лансирана кон Израел од Јемен, соопшти израелската војска, што е втор ваков инцидент во последните неколку часа.

Во соопштението се вели дека не се активирани сирени „според протоколот“, бидејќи ниту еден град не бил загрозен.

Израелската војска денеска соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен кон Израел, откако во неколку области се огласиле сирени за воздушен напад.

Моментално нема извештаи за повредени или причинета материјална штета во овие напади, објавува „Тајмс оф Израел“.

Јеменските бунтовници Хути, кои се поврзани со Иран, продолжија да испукуваат ракети кон Израел во, како што велат, знак на солидарност со Палестинците во Газа, откако објавија дека ги прекинуваат нападите врз американските бродови.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Иран: Најмалку петмина убиени во израелски напади врз петрохемиски постројки

Нова ера на оружје: Руска ракета што не познава ограничувања на дострелот

ИДФ: Еден војник убиен, друг тешко повреден во пријателски оган во јужен Либан

(ВИДЕО) Иран: Петмина загинаа во напади врз петрохемиска фабрика

(ВИДЕО) Израел тврди дека погоди повеќе од 120 цели во Иран