Израелската морнарица го сопре бродот за Газа

Од:

Израелските војници упаднаа на бродот со пропалестински активисти кој пловеше под знамето на Финска, а со намера да ја пробие блокадата на појасот Газа.

Според соопштенито од војската, акцијата била завршена мирно со констатација дека е стопиран најновиот обид да се пробие поморската блокада на палестинската територија.

На бродот кој исплови на 6. октомври од Наполи имаше 17 патници, пет члена на парламентот од европските земји и еден канадски. Тие носеа хуманитарна помош и 30 гулаби кои имаа намера да ги пуштат по пристигнувањето во Газа.

Израелската армија кажа дека дека морнарите се качиле на бродот по многубројните повици кон патниците на кои не реагирале.

„Како резултат на тоа што не сакаа да соработуваат и по игнорирањето на повикот за го сменат курсот, беше донесена одлука за преземање на бродот и негово упатување во пристаништето Ашдод“, соопшти израелската армија.

Од таму, патниците ќе и бидат предадени на полицијата, а после тоа со нив ќе се занимава Управата за имиграција. И активистите на други бродови кои ги сопре израелската морнарица беа одведени во Израел и веднаш протерани од земјата.

Израел не дозволува ниту еден брод да се приближи на појасот Газа со образложение дека на тој начин се криумчари оружје за Палестинците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел