Израелската армија стрелаше врз позиции во Сирија

Од:

Израелската армија отвори оган кон територијата на Сирија, врз позиции од каде претходно беше стрелано врз Голанската Висорамнина, соопшти денеска прес-службата на Вооружените сили на Израел.

Инцидентот се случил во текот на минатата ноќ кога од сириска територија бил отворен оган врз израелска воена патрола на Голанската Висорамнина во близина на границата со Сирија. На ова израелските војници возвратиле, стрелајќи кон напаѓачите на сириска територија.

Во соопштението се посочува дека нема жртви меѓу израелските војници, но дека е оштетно возилото на воената патрола.

Засега нема информација кој стрелал врз израелските војници и дали има жртви на сириска територија при возвратиниот напад.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки