Израелската армија потврди дека се пронајдени телата на шест заложници

Од:

Телата на шестмина заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври минатата година се пронајдени во тунел во областа Рафа во Појасот Газа, соопшти денеска израелската армија.

Телата на Кармел Гат, Еден Јерушалми, Херша Голдберг-Полин, Александра Лобанов, Алмог Саруси и Ори Данин се вратени во Израел, се наведува во соопштението на армијата, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно изјави дека израелските сили пронашле тела на шест заложници во тунел под Рафах, вклучувајќи го и Херш Голдберг-Полин, кој имал двојно израелско-американско државјанство.

„Срцето ми е скршено и огорчено“, рече Бајден, додавајќи дека тој и другите Американци ќе мислат на неговите родители во нивните молитви, објави „Тајмс оф Израел“.

Бајден додаде дека неуморно работел за безбедно враќање на Херш и затоа е скршен од веста за неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан