Израелската армија го нападна складиштето за оружје на Хамас во Сирија

Од:

Израелски воени авиони нападнаа складиште за оружје на милитантната група Хамас во близина на сирискиот град Деир Али, јужно од Дамаск, соопшти денеска израелската војска (ИДФ).

Според соопштението на ИДФ, оружјето лоцирано на локацијата било наменето да се користи во напади врз израелските војници, пишува Тајмс оф Израел.

„Палестинските терористички организации, вклучително и Хамас, ја експлоатираат Сирија за да воспостават терористичка активност предводена од Иран“, соопшти ИДФ.

Израелската војска предупреди дека ќе дејствува против Хамас секаде каде што групата ќе се обиде да воспостави присуство.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна