Израелската армија ги обновува воздушните напади откако Хамас ја рактираше територијата на Израел

Од:

Израелската армија соопшти дека ги обновува своите воздушни напади врз територијата на Газа,откако територијата на Израел утринава беше ракетирана со 18 ракети,лансирани од припадниците на Хамас,веднаш по истекот на тридневното примирје.

Палестинската исламистичка милитантна група Хамас,која ја контролора територијата на појасот,претходно,соопшти дека нема да прифати продоложување на прекинот на огнот,оправдувајќи го тоа со однесувањето на Израел и „одбивањето да ги прифати палестинските барања“.

Хамас како услов за потраен прекин на огнот,бара укинување на неколкугодишната блокада на Газа што ја спроведува израелската армија.

Претставник на израелската војска изјави денеска дека обновата на ракетните напади од Газа кон територијата на Израел,претставува „неприфатливо,нетолерантно и кусогледо“ однесување.

Непријателствата започнаа на 8 јули,кога израелската армија ја почна воената операција во појасот,за да се неутрализира ракетниот потенцијал на Хамас и да се уништат ракетните рампи како и за откривање и уништување на тунелите,преку кои милитантите и терористите од Газа навлегуваат на израелска територија.

Во четиринеделните судирања,загинаа 1870 лица,од кои според податоците на ОН,1350 биле цивили. На израелска страна,има 64 убиени војници,тројца цивили,како и еден Тајланѓанец.Израелските воени власти тврдат дека 900 од палестинските жртви се луѓе со оружје и исламистички милитанти на Хамас.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња