Израелска армија: Ќе создадеме хуманитарна зона во јужниот дел на Газа

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија создавање на хуманитарна зона во јужниот дел на Газа каде ќе се обезбедува меѓународна помош за жителите на Газа, соопшти ИДФ. Објавата уследи по неколкудневните израелски преговори со Египет, САД и други земји за создавање безбедна зона за бегство од Газа.

ИДФ вели дека Палестинците треба да одат во хуманитарна зона во областа Ал-Маваси, во близина на градот Кан Јунис, каде што „ќе биде обезбедена меѓународна хуманитарна помош по потреба“.

Армијата уште еднаш ги повтори своите повици до Палестинците во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат на југ и најави дека наскоро силно ќе ја гранатира областа.

Вчера Израел ги бомбардира областите Кан Јунис и Рафах, градови каде се собраа Палестинците кои избегаа од северот по предупредувањето на ИДФ, што ги налути Палестинците и дел од меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад