27 годишниот Израелец Нир Голдшлагер успеал да го хакира Фејбук повеќе од 100 пати и да добие неавторизиран пристап до било кој профил.
И наместо да биде казнет, напротив од Фејсбук му плаќаат за тоа. Целта на компанијата е преку независни истражувачи, да се најдат пропустите на оваа социјална мрежа.
Идејата била да се охрабрат „добрите момци“ да пронаоѓаат и пријавуваат пропусти, за Фејсбук да ги поправи пред да ги откријат „лошите момци“.
Од 2011, никој не пријавил повеќе пропусти на социјалната мрежа од Голдшлагер. Тој поминал безброј часови лутајќи низ виртуелните ходници се’ додека не открие „отклучена врата“.
За секоја откриена грешка, за која вели дека му се потребни во просек пет часа, Голдшлагер добива по 3.000 долари.
Меѓутоа, тој тоа не го прави само заради парите, туку и поради големата љубов која ја чувствува кон оваа мрежа.
Планира во иднина да се посвети на изградбата на своја сопствена компанија, Break Security, која ќе биде специјализирана за хакирање на сајтови за фирми, за да се пронајдат пропусти во безбедноста. За услугите ќе наплаќа 200 долари по час.