Израелците го убија лидерот на Исламскиот џихад: 25 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во акцијата

Од:

Водачот на палестинскиот исламски џихад (ПИЈ) Али Гали е убиен во израелски воздушни напади во Појасот Газа, соопшти израелската армија. И додека сирените во јужен Израел алармираа за ракетен напад од таа палестинска енклава, Израел нападна цели поврзани со ПИЈ.

Во израелската операција која трае од вторник, загинаа 25 лица, меѓу кои и жени и деца.

Палестинските милитанти претходно истрелаа стотици ракети на израелска територија, а сирените се слушнаа во областа Тел Авив за прв пат од август минатата година. Наводно, некои куќи на југот на Израел се уништени.

Израелската војска објави на Твитер дека Гали е централна фигура во палестинскиот исламски џихад и одговорен за неодамнешните ракетни напади врз Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел