Израел: Затворени плажи на Медитеранот поради излевање на нафта

Од:

Израелските власти наложија да се затворат плажите на израелскиот медитерански брег поради излевање на нафта од една платформа.

Официјални претставници сметаат дека овој инцидент претставува најголема еколошка катастрофа во која стотици тони нафта се излеале покрај израелското крајбрежје во должина од над 170 километри.

Активисти на еколошките организации пријавиле дека е пронајден угинат кит, кој морето го исфрлил на брегот во јужниот дел на Израел, нагласувајќи дека е утврдено оти животното настрадало од труење со нафта.

Доброволци денеска се пријавија да помогнат во чистење на загадениот брег, а локалните медиуми објавија дека е побарана и медицинска помош поради интоксикација со отровно испарување.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посети денеска една од загадените плажи и ја пофали работата на Министерството за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел