А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Израел започна офанзива врз Газа

by А1он21/08/2025 - 07:23577
Share0

Израелската војска започна офанзива врз градот Газа, потврди портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Дефрин.

Добивај вести на вибер

„Нашите сили веќе ја контролираат периферијата на градот“, рече тој.

Израелската операција за заземање на градот Газа е непочитување на напорите на медијаторите за постигнување прекин на огнот и размена на затвореници, соопшти Хамас.

„Изјавата на терористичката окупаторска армија (Израел) за започнување операција против градот Газа и неговите приближно еден милион жители и раселени лица, како и намерата на воениот злосторник (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху да ја одобри утре, е непочитување на напорите на медијаторите за постигнување договор за прекин на агресијата и размена на затвореници“, се вели во соопштението на Хамас.

Во среда, израелската државна телевизија Кан објави дека израелскиот министер за одбрана Јисраел Кац ја одобрил операцијата за заземање на градот Газа.

Според телевизијата, планот ќе биде доставен до политичкото раководство и владата за одобрување во четврток. Израелските одбранбени сили испратија околу 60.000 повици до резервистите во подготовка за операцијата за заземање на Газа.

Според израелското воено радио „Галеј Цахал“, операцијата ќе трае до 2026 година, а во својот врв ќе учествуваат до 130.000 резервисти.

Gazaizrael

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел под нови ирански напади

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 09:3903/04/2026 - 11:46

Израел: Убивме повеќе од 40 борци на Хезболах за 24 часа

Горан Наумовски02/04/2026 - 17:44

Либан: Бројот на жртви во израелските напади се зголемува

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:52

САД и Израел се виновни за блокадата на Ормутскиот тесенц, обвини Кина

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 13:32

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 19:53

Кац: Ќе го окупираме јужен Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Горан Наумовски01/04/2026 - 14:0601/04/2026 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто