Израел: Запленивме повеќе од милион долари од Хамас во Газа

Од:

Војската на Израел конфискувала средства во вредност од околу 1,3 милиони долари за време на војната со исламистичкиот Хамас во Појасот Газа, соопшти денеска портпаролката на израелското Министерство за одбрана. Поголемиот дел од парите биле во израелски шекели и биле пронајдени „во упоришта на Хамас и во домовите на бараните лица каде што бил активен Хамас“, соопшти Министерството.

Запленети се и пари во ирачка и јорданска валута и американски долари. Конфискуваните пари ќе бидат уплатени во израелската државна каса. Израел го обвинува Хамас дека ги користи парите за финансирање терористички активности.

Портпаролката не кажа како израелската влада ќе ги потроши парите.

Пред една недела, комисијата за финансии на израелскиот парламент одобри буџет од 1,15 милијарди шекели (308 милиони долари) за обнова на израелските гранични пунктови уништени на 7 октомври кога Хамас и други милитанти го нападнаа Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе, главно цивили, а киднапираа околу 240 луѓе. .

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски