Израел воведе санкции за компании и поединци вмешани во финансирање на Хамас

Од:

Израел денеска воведе санкции против 20 компании и поединци од земји на Блискиот Исток, за кои тврди дека се вклучени во финансирањето на палестинската екстремистичка организација Хамас.

Како што соопшти Министерството за одбрана на Израел, санкциите се насочени против „меѓународна мрежа што под маска на легитимни компании” работи во Судан, Турција, Алжир и Обединетите Арапски Емирати.

САД во мај годинава воведоа санкции против многу такви компании, за кои зедно со Израел тврдат дека дел од финансиската мрежа управувана од Хамас, со милиони долари на располагање.

Членството на исламската организација години наназад изврши десетици смртоносни напади врз Израелци, а во 2007 година насилно ја презедоа контролата врз Појасот Газа поразувајќи ги силите лојални на меѓународно признатата палестинска власт.

Израел и западните земји го сметаат Хамас за терористичка организација.

„Ќе продолжиме да се спротивставуваме на обидите на Хамас да насочи средства за зајакнување на терористичката организација“, рече израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Израел и Египет воведоа блокада на Појасот Газа откако Хамас ја презеде контролата врз територијата.

Израел тврди дека блокадата е неопходна за да се спречи вооружувањето на Хамас, но организацијата што има војувано против Израел четири пати, продолжува да ги јакне своите воени капацитети и да го зголемува дострелот на своите ракети.

Палестинците и организациите за човекови права ја сметаат блокадата на Газа за колективна казна на повеќе од два милиони жители.

Независно санкциите против Хамас, изралеските власти последната година спроведоа мерки за намалување на блокадата, во замена за мир во регионот. Се проценува дека токму благодарение на тоа, Хамас не се вклучи во неодамнешниот тридневен конфликт меѓу Израел и помалку екстремистичката организација Исламски џихад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот