Израел се закани со напад врз ракетите С-300, ако се инсталираат во Сирија

Од:

Израелската влада синоќа се закани дека ќе го бомбардира рускиот ракетен систем С-300 доколкутој биде инсталиран на сириската територија.

– Испораката на руското оружје не е почната и се надевам дека таа, сепак, нема да се изврши. Но ако ракетите се најдат во Сирија тогаш ние ке знаеме што да направиме, изјави во Тел Авив, израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.

Заканата од Израел доаѓа по вчерашното соопштение од Москва за тоа дека руската Влада одлучила на Сирија да и биде испорачан софистицираниот одбранбен ракетен систем С-300.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рибаков за ваквото решение рече дека тоа претставува „стабилизирачки фактор“ во сегашната ситуација во Сирија, каде две годиии се води војна меѓу армиските сили и бунтовниците кои настојуваат да го соборат претседателот Башар ал Асад.

Соопштувајки ја одлуката на Москва, на Дамаск да мусе испорачаат ракетите за одбрана од воздушен напад, Рибаков рече дека тие ќе помогнат да се спречи странска воена интервенција, како и дека ќе одвратат „некои запалени глави“ од намерата да се вплеткаат во сириската војна.

Израелската влада, меѓутоа, смета дека поставувањето на софистицираното руско оружје на сириска територија ќе го наруши сегашниот баланс во регионот на Блискиот Исток и ќе претставува закана за Израел и за израелскиот воздушен простор.

Според заменик министерот Рибаков, ракетниот систем С-300 се испорачува врз основа на руско-сирискиот договор, потпишан пред неколкугодини, но реакцијата на Москва дојде само 12 часа по одлуката на министрите за надворешни работи на ЕУ да се укине досегашното ембарго за испраќање европско оружје за бунтовничките сили во Сирија.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки