Израел се подготвува да го нападне Иран

Од:

Разузнавачките извештаи предвидуваат два потенцијални израелски напади врз Иран, кои би вклучиле обезбедување на американската поддршка за полнење гориво, како и разузнавачки информации.

Американските разузнавачи предупредуваат дека Израел најверојатно ќе изврши превентивен напад врз локациите на иранската нуклеарна програма до средината на оваа година, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на повеќе разузнавачки извештаи.

Весникот наведува дека таков напад „ќе ја уназади иранската нуклеарна програма“, повикувајќи се на разузнавачки информации собрани во периодот на транзиција меѓу администрациите на Џозеф Бајден и Доналд Трамп.

Разузнавачките извештаи предвидуваат два потенцијални израелски напади врз Иран, кои би вклучиле обезбедување на американската поддршка за полнење гориво, како и разузнавачки информации.

Израелската влада, ЦИА, американската одбранбена разузнавачка агенција и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, наводно, одбиле да ги коментираат информациите, додека портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Брајан Хјуз рече дека американскиот претседател Доналд Трамп „нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје“.

Трамп неодамна во интервју за Фокс њуз изјави дека повеќе би сакал да склучи договор со Иран за да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје, наведувајќи дека исто така верува дека Иран претпочита договор отколку вооружен конфликт.

– Сите мислат дека Израел со наша помош или наше одобрение ќе го бомбардира (Иран). „Попрво би сакал тоа да не се случи“, рече Трамп.

Иран и Израел извршија неколку напади еден врз друг минатата година во услови на пошироки тензии околу војната во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Иран: Ормутскиот теснец отворен за бродови од повеќето земји

Кац: Ќе го окупираме јужен Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Горан Наумовски

Израел: „Моделот на Газа“ за Либан