Израел распореди системи за противвоздушна одбрана во северниот дел на земјата

Од:

Израелската армија денеска распореди дополнителни системи за противвоздушна одбрана во северниот дел на Израел, соопшти анонимен воен претставник.

Според истиот извор, станува збор за две батерии вооружени со системите „Железна купола“, кои се наменети за пресретнување и уништување на ракети со краток дострел.

Израелскиот воен преттсавник информира дека одлуката за распоредување на системите е донесена врз основа за „тековна проценка на состојбата“.

Распоредувањето на дополнителни системи за противвоздушна одбрана во северен Израел, следи по информциите дека израелски авиони во петокот и минатата ноќ извршиле напади врз складишта со оружје во Сирија, во кои биле сместени ракети наменети за либанската милитантна исламистичка Божја партија (Хезболах). Израелските власти официјално не ги потврдија ваквите информации.

Инаку, Хезболах располага со ракети со краток дострел со кој во минатото во неколку наварти вршеше напади врз цели во северен Израел.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег