Израел ракетираше цели во Сирија

Од:

Слободната сириска војска соопшти денеска дека Израел извршил ракетен напад врз Сирија, со цел да им помогне на војниците, лојални на претседателот Башар ал Асад, кои претходно биле опколени од опозициските сили.

Во нападот е погоден ракетен лансер, кој припаѓал на Слободната војска на Сирија.

– На Голанската Висорамнина Израел изврши напад врз со цел да ги ослободи војниците на Башар ал Асад кои претходно ги опколивме, се наведува во соопшението на Слободната војска на Сирија.

Во соопштението се нагласува дека Израел создава тензии на Голанската Висорамнина, со цел „да ја спречи револуцијата на сирискиот народ против режимот на Башар ал Асад“.

Израелските сили вчера предупредувачки гаѓаа врз сириска територија, откако залутан минофрлачки проектил од борбите меѓу сириската армија и бунтовниците падна на окупираната Голанска висорманина.

Според портпаролот на израелската армија проектилот паднал врз воена позиција, но не предизвикал жртви и разурнувања.

Како одговор на провокацијата, Израелците истрелале ракета во правецот од каде дошол проектилот.

Израелската армија соопшти дека и во иднина ќе реагира „беспоштедно“ на ваквите инциденти и додаде дека поднела жалба пред мировните сили на ОН.

Инцидентот, што израелските медиуми го окарактеризираа како прво директно вовлекување на Израел во конфликтот во соседна Сирија, ги покажа стравувањата на меѓународната заедница дека граѓанската војна во Сирија може да распламти поширок регионален конфликт.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски