А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Израел: Продолжуваме со операциите против терористите низ целиот Појас Газа

by А1он23/05/2025 - 22:41159
Share0

Израелската армија уби најмалку 28 лица во Газа и рани десетици во последните напади во текот на ноќта, објави денес палестинската новинска агенција WAFA, повикувајќи се на медицински извори.

Добивај вести на вибер

Армијата на својот Телеграм канал напиша дека продолжува со операциите против „терористичките организации низ Појасот Газа“ и дека вчера „елиминирале неколку терористи низ Појасот Газа и нападнале воени комплекси, оружје, магацини и снајперски позиции“.

Израелската војска тврди дека воздухопловните сили погодиле повеќе од 75 цели, вклучувајќи „терористи, лансери, воени комплекси, складишта со оружје и дополнителна терористичка инфраструктура“. Тврдењата на двете страни засега не можат независно да се потврдат.

Војната во Газа беше предизвикана од терористички напад на Хамас и други милиции во Израел на 7 октомври 2023 година. Израел одговори со масовна воена операција во Газа. Според палестинските здравствени власти, израелската армија убила повеќе од 53.000 Палестинци во напади.

Од почетокот на нападот врз Газа, израелската армија убила речиси 18.000 деца. Според Обединетите нации, 14.000 бебиња се на работ на глад поради израелската блокада на хуманитарната помош.

Gazaizrael

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 18:3109/03/2026 - 18:31

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 15:28

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 11:04

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:39

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:39

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети

Горан Наумовски08/03/2026 - 17:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен