Израел продолжува со воздушни напади на Појасот Газа

Од:

Израелската воена авијација во текот на ноќта нанесе повеќе удари во северниот дел на Појасот Газа, при што загинаа двајца Палестинци, а 16 се повредени, вклучително шестмина новинари.

Во Бејт Ханун и Бејт Лахија, мали градови во близина на границата со Израел загинаа двајца Палестинци, а најмалку 10 беа повредени.

Израелската авијација бомбардираше комплекс згради во центарот на Газа, каде се сместени канцелариите на голем број медиуми, меѓу кои на телевизијата „Ал Кудис“, која е блиска до владејачкото движење Хамас. Во нападите се повредени шестмина новинари, јавија палестински лекари.

Израел, паралелно со воздушните напади распореди и пешадиски единици на границата со Појасот Газа, но се уште нема наредба за евентуална инвазија.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болниците во Газа се преполни со повредени од израелските бомбардирања, како и дека се соочуваат со недостиг на лекови и основни медицински материјали.

Здравствената агенција на ОН побара 10 милиони долари од донатори, за да се обезбедат лекарствата што недостигаат во следните три месеци.

СЗО, повикувајќи се на претставници на министерството за здравство на Газа, соопшти дека во конфликтот се повредени 382 лица, меѓу кои 245 возрасни и 137 деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа

Во израелските напади врз Газа загинаа 23 лица

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Израел призна: Пукавме во објект на Црвениот крст

(ВИДЕО) Едно лице загина, а едeн e повреден во терористички напад во Израел