Израел предаде тела на уште 30 Палестинци

Од:

Министерството за здравство на Газа денес потврди дека ги примило останките на уште 30 палестински затвореници што ги држи Израел, со што вкупниот број на тела примени од прекинот на огнот се искачи на 195.

Министерството соопшти дека некои од телата покажуваат знаци на „тортура, тепање, врзување со лисици и врзување на очите“, објави Ал Џезира. Наведе дека нивните медицински тимови ќе продолжат да ги прегледуваат телата, во согласност со медицинскиот протокол, за да ја документираат нивната состојба и да им ги предадат на нивните семејства.

Хамас вчера му ги предаде на Израел телата на двајца израелски заложници – Ари Залманович (85) и Тамир Адар (38), двајцата од кибуцот Нир Оз. Нивните тела беа префрлени во Израел преку Црвениот крст и идентификувани во Институтот Абу Кабир.

Израелските власти велат дека вкупно 28 тела на израелски заложници се држеле во Газа и дека досега се вратени 15.

Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел треба да предаде тела на 15 Палестинци за секое тело на израелски заложник вратен од Хамас.

Би можело да ве интересира

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети

(ВИДЕО) Бројот на повредени во иранскиот напад врз Израел се зголемува

Израелска армија: Ќе го прогонуваме наследникот на Хамнеи

Американската армија под напад: Иран презентираше податоци за бројот на загинати