Израел постави ултиматум: Не сакаме да пропадне договорот за прекин на огнот

Од:

Хамас не сака договорот за прекин на огнот во Појасот Газа да пропадне, објави денеска милитантната терористичка група, пред крајниот рок во сабота до кој мора да ослободи уште израелски заложници.

Според договорот, Хамас мора да ослободи уште тројца заложници во сабота, но претходно оваа недела објави дека тоа го одложува до натамошно известување поради прекршување на договорот од страна на Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори дека сите заложници мора да бидат ослободени до пладне во сабота или „портите на пеколот ќе се отворат“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека неговата земја ќе продолжи со „интензивните борби“ доколку Хамас не го испочитува крајниот рок.

„Не сме заинтересирани за пропаѓање на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, ние сме посветени на неговото спроведување и обезбедување дека окупаторот целосно го почитува“, изјави портпаролот на Хамас, Абдел-Латиф Ал Кануџа.

„Јазикот на закани и заплашувања од страна на Трамп и Нетанјаху не е поволен за спроведување на договорот“, додаде тој.

Делегација на Хамас предводена од нејзиниот лидер Калил Ал-Хаџ во средата се состана со египетските безбедносни претставници за да се обиде да најде решение за ќор-сокакот.

Палестински претставник запознаен со преговорите изјави за Ројтерс дека Египет и Катар, како посредници, се обидуваат да најдат начини да избегнат враќање на борбите.

Хамас објави дека посредниците градат притисок за целосно спроведување на договорот, врз Израел да го почитува хуманитарниот протокол и да продолжи со размената на израелски заложници за Палестинците приведени во Израел во саботата.

Израел и нареди на војската да биде во целосна готовност и подготвена да се врати во борбите во Газа доколку Хамас не го почитува договорот.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД