Израелските власти денеска почнаа со вакцинирање на странски работници и баратели на азил како дел од иницијативата за вакцинирање и на странски државјани, покрај израелските граѓани.
Десетици баратели на азил и странски работници чекаа во редови на неколку места за вакцинација за да ја примат вакцината бесплатно.
Повеќето се мигранти и странски работници од Филипини, Молдавија, Нигерија, Судан и Еритреја.
Портпаролот на општината Тел Авив Ејтан Шварц изјави дека Владата има одговорност „да ги вакцинира сите во рамки на националните граници“ и дека во следниот чекор ќе ги вакцинира илегалните мигранти, како и оние без документи.
Израел спроведува масовна имунизација од декември, а досега првата доза ја примиле 3,5 милиони луѓе, а втората најмалку 2,1 милиони. Израел, исто така, почна да доставува илјадници вакцини на здравствените работници на територијата под Палестинска управа.
Досега во Израел биле заразени повеќе од 700.000 луѓе, а најмалку 5.192 починаа.