Израел нема да дозволи руските ракетни системи во Сирија да станат оперативни

Од:

Израелскиот советник за национална безбедност Јаков Амидрор најави дека Израел нема да дозволи руските ракетни системи С-300 во Сирија да станат оперативни.

Амидрор, тоа го изјави, пред сирискиот претседател Башад ал Асад денеска да го потврди пристигнувањето на првата пратка ракетни системи С-300 од Русија.

Израелскиот советник за безбедност, ја соопштил ваквата „црвена линија“ на Израел во однос на руските ракетни системи на состанок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Ерусалим, објави денеска израелскиот весник „Хаарец“.

Министерот за одбрана на Израел Моше Јалон во вторникот изјави дека Израл знае што треба да прави ако ракетните системи С-300 стигнат до Сирија, изразувајќи надеж дека тоа нема да се случи.

На состанокот зад затворени врати е изнесено дека според проценките на Израел, Русија кога тогаш ќе ги достави ракетните системи на Сирија, но дека тоа нема ништо со Израел, тукусо руското ривалство со САД, Велика Британија и Франција во однос на сириското прашање.

Според анонимен израелски дипломат, Тел Авив смета дека испораката на ракетни системи не може да се спречи и затоа ќе дејствува против тоа, но пред тие да станат оперативни.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки