Израел нападна сириски позиции на Голанската Висорамнина

Од:

Израелската војска соопшти дека нејзини хеликоптери ги нападнале позициите на сириската армија како одмазда за минофрлачкиот оган истрелан кон израелскиот дел од Голанската Висорамнина.

„Беа погодени неколку цели, вклучувајќи набљудувачница на САФ (сириската армија) и системи за собирање разузнавачки информации во базите на САФ“, соопшти израелската армија.

Сириската државна новинска агенција САНА цитираше воен извор кој рече дека израелски хеликоптери гаѓале три позиции на југот на Сирија со противтенковски проектили, при што биле повредени две лица, а биле предизвикани и шумски пожари.

Нападот се случи неколку часа откако израелската армија објави дека се слушнало испукување на минофрлачки гранати од сирискиот дел на Голан. Нема извештаи за жртви, но една зграда и возило на израелската армија се оштетени, тврдат израелските власти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел