Израел нападна палестински бегалски камп во Либан, има загинати

Од:

Две лица се убиени, а едно е рането во израелски напад врз зграда во палестинскиот бегалски камп Бедави во Триполи, северен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Нападот врз областа беше извршен без претходна најава, соопшти министерството. Тоа беше најсеверниот израелски напад во Либан досега. Израелската војска сè уште не објавила кој бил цел на нападот. Кампот Бедави се наоѓа на околу 85 километри северно од Бејрут и на повеќе од 180 километри од либанско-израелската граница. Тој беше цел и за време на војната во 2024 година меѓу Израел и Хезболах.

И покрај прекинот на огнот постигнат во ноември 2024 година, израелската војска во јули минатата година објави дека нападнала член на Хамас во кампот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел уби двајца новинари во напад врз Либан

А1он

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран