(ВИДЕО) Израел уби двајца новинари во напад врз Либан

Од:

Во Јужен Либан, три лица се убиени, вклучувајќи двајца новинари, по израелски напад врз нивното возило.

Тие беа идентификувани како Фатима Фатуни, новинарка на Ал Мајадин и Али Шајеб, дописник на Ал-Манар.

Претседателот на Либан го осуди нападот.

„Ги повикуваме сите меѓународни организации да преземат мерки за да го спречат она што се случува во нашата земја и уште еднаш изразуваме сочувство до семејствата на мачениците и новинарската и медиумската заедница во Либан“ – рече Џозеф Аун.

Израелски воен функционер го опиша Ал Шајеб како „секундарна оска“ во рамките на пропагандниот апарат на Хезболах.

„Ал Шајеб одржуваше контакти со познати оперативци на Хезболах“, додаде функционерот, кој исто така објави видео од нападот на X.

Израелските одбранбени сили оттогаш ветија дека ќе „дејствуваат силно“ против Хезболах.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

(ВИДЕО) Крвава ноќ во Либан, има загинати и голем број повредени

Израелските одбранбени сили уништија таен тунел на Хезболах во Либан

Салам: Враќањето на животот на југот од Либан е национална цел

Кац: Не ни треба ничија дозвола за да останеме во Либан