Израел лани продал оружје вредно 7.2 милијарди долари

Од:

Израел лани извезол воена опрема и оружје во вредност од 7,2 милијарди долари, што е за пет проценти помалку од претходната 2018 година, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана.

Најпродавани биле ракетите, ракетните и системите за воздушна одбрана, наведе министерството.

Во однос на 2017 година, извозот е помал за 23 проценти, но е во согласност со генералниот тренд на раст на израелскиот извоз на воена опрема и оружје.

Главните дестинации на извозот се азиско-пацифичкиот регион, Европа и Северна Америка.

Иако од Министерството за одбрана велат дека годинава очекуваат натамошен раст на извозот, пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе ги наруши овие планови.

Израел е еден од водечките светски извозници на оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас ослободи уште тројца израелски заложници

Катерина Ѓуровски

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Џезира: Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски