Израел ја укина повеќедецениската забрана за хомосексуалците да даруваат крв

Од:

Израел соопшти дека го укинува повеќедецениското ограничување за хомосексуалците кои сакаат да даруваат крв. Промената на израелската политика следи откако во јуни Велика Британија им дозволи на хомосексуалците и бисексуалците да донираат крв, по сличниот потег на САД минатата година.

– Забраната геј мажи да даруваат крв е остаток од стереотип што припаѓа во минатото, рече министерот за здравство Ницан Хоровиц, кој и самиот е деклариран хомосексуалец.

– Секој дарител на крв кој сака да спаси животи ќе биде третиран подеднакво, без оглед на полот или сексуалната ориентација, додаде тој.

Од 1 октомври формуларите што мора да се пополнат пред дарување крв ќе се сменат, се вели во соопштението на Министерството за здравство. „Клаузулата со која се забранува крв од маж кој имал сексуален однос со друг маж (дури и постојан партнер), ќе биде укината“, се вели во соопштението.

Наместо тоа, прашалниците ќе вклучуваат нова клаузула со која се забрануваат донации од луѓе кои „имале сексуална врска со висок ризик со нов партнер или повеќе партнери“ во изминатите три месеци.

Во моментов, хомосексуалците можат да даруваат крв ако поминала една година од нивната последна сексуална врска.

Друга опција е да им се замрзне крвната плазма во период од четири месеци за да се осигура дека нема „заразни болести“, потсетуваат од Маген Давид Адом, кој исто така служи како владина организација за крвна служба. ЛГБТК Асоцијацијата за еднаквост во Израел ја пофали одлуката како „историски потег за гордата заедница и израелското општество на патот кон еднаквост“.

„Крвта на стотици илјади граѓани не е од втора класа“, се вели во соопштението на Асоцијацијата.

Во неодамнешниот извештај на Министерството за здравство се вели дека во 2020 година, во Израел имало 361 ХИВ-позитивни лица, пет проценти помалку од претходната година.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците