Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Од:

Израелската влада го запре влезот на сета хуманитарна помош во Појасот Газа по истекот на првата фаза од прекинот на огнот со Хамас, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што наведоа, Хамас одби да го прифати предлогот на американскиот претставник Стив Виткоф за привремено продолжување на прекинот на огнот. Портпаролот на Хамас ја нарече одлуката на Израел „евтина уцена“ и „удар на договорот за прекин на огнот“, повикувајќи ги посредниците да извршат притисок врз Израел да продолжи со испораката на помош за жителите на Газа.

Хамас бара втората фаза од договорот да се спроведе во согласност со претходните договори, кои вклучуваат размена на заложници и палестински затвореници и повлекување на израелските сили од Газа. Во петокот навечер, Хамас рече дека нема да се согласи со продолжување на првата фаза без гаранции од САД, Катар и Египет дека втората фаза навистина ќе биде спроведена.

Би можело да ве интересира

Кац: Ќе го окупираме јужен Либан и ќе ги срушиме сите куќи во селата

Горан Наумовски

Израел: „Моделот на Газа“ за Либан

Израел го нападна Бејрут, загинаа најмалку седум лица

Гвир: Напишавме историја, нема да ја слушаме ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он