Израел изврши воздушни напади врз Сирија

Од:

Израелската армија утрово соопшти дека извршила воздушни напади врз повеќе воени цели во Сирија, вкличително и седиштето на армијата, како одговор за прекуграничниот напад при што загина едно дете.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека „се гаѓани девет цели и оти сите се директно погодени“.

– Вчерашниот напад беше непредизвикан чин на агресија против Израел и претставува директно продолжување на последните напади во областа. Израел нема да толерира каков бил обид за кршење на израелскиот суверенитет и ќе дејствува со цел да ги заштити цивилите на Израел, изјави портпаролот на изралеската армија полковник Петер Лернер.

Во близина на сириската граница на Голанската Висорамнина вчера експлодира едно возило при што загина 15-годишно момче, а неговиот татко е повреден. По инцидентот израелските тенкови отворија оган врз Сирија.

Би можело да ве интересира

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Израелската влада е разочарана од одлуката на Америка да ја прекине испораката на муниција

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа