Израел изведе воздушен напад врз Појасот Газа

Од:

Израелската армија утринава изведе воздушен напад врз Појасот Газа, откако оттаму беа истрелани ракети – на само неколку часа пред обновувањето на израелско-палестинските мировни преговори, пренесоа француските медиуми.

Според израелски воен портпарол, биле нападнати две лансирни рампи за истрелување раекти, откако вчера од Појасот Газа биле истрелани две ракети, од кои едната експлодирала на територијата на Израел, без да предизвика жртви.

– Хамас ја носи одговорноста за секое нарушување на израелскиот суверенитет.

Терористичкиот режим треба да ја понесе одговорноста за секоја терористичка активност, што доаѓа од Појасот Газа, изјави израелскиот порпарол, цитиран од француските медиуми.

Појасот Газа е под контрола на Хамас – главното исламистичко палестинско движење, кое е против обновувањето на израелско-палестинските преговори под патронат на САД.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ