Израел и Хамас постигнаа согласност за прекин на огнот во Појасот Газа

Од:

Израел и палестинското движење Хамас го прифатија предлогот на Египет за тридневен прекин на огнот во Појасот Газа, со што се отвора можност за постигнување на постојан мир.

По неколкунеделни дипломатски напори Израел и Хамас објавија дека го прифаќаат предложениот 72-часовен прекин на огнот, со почеток денеска во 8 часот по локално време.

– Во 8 часот почнува прекин на огнот и Израел ќе ги запре сите воени операции против терористички цели во Газа, изјави портпаролот на израелската влада Марк Регев. Портпаролот на Хамас Фаузи Бархум изјави дека исламистичкото движење, што изминатите неколку дена водеше преговори во Египет заедно со претставници на различни палестински фракции, го прифаќа планот за примирје.

– Сега е јасно дека е во интерес на сите страни да име прекин на огнот, изјави Басем Салхи, член на палестинската делегација. Хамас бара целосно повлекување на Израел од Појасот Газа, крај на израелската и египетската блокада, ослободување на затворениците на исламистичкото движење и меѓународна поддршка за реконструкција на Газа.

Израел бара Појасот Газа да биде демилитаризирана, нешто што може да се случи само ако Хамас се согласи да соработува за предавање на своето оружје. Примирјето предвидува двете страни да испратат високи делегати во Каиро за разгледување на египетскиот мировен план и постојан прекин на огнот, пренесува ДПА, повикувајќи се на египетското министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Демолирани се големи делови од кампот Џенин, повеќе од 40.000 Палестинци ги напуштаат своите домови

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња