Демолирани се големи делови од кампот Џенин, повеќе од 40.000 Палестинци ги напуштаат своите домови

Од:

Израелските булдожери демолираа големи делови од бегалскиот камп Џенин, а повеќе од 40.000 Палестинци ги напуштија своите привремени домови во кампот и блискиот град Тулкарм на северниот дел на Западниот Брег, откако Израел ја започна својата операција еден ден по постигнатото примирје во Газа.

„Џенин е повторување на она што се случи во Џабала, бегалски камп во северниот дел на Газа, кој беше целосно уништен од израелските сили по неколку недели жестоки борби. Кампот стана непогоден за живеење“, изјави портпаролот на општина Џенин, Башар Матахен, пренесе Ројтерс.

Матахен изјави дека најмалку 12 булдожери биле ангажирани во уривањето на куќите и инфраструктурата во кампот.

Би можело да ве интересира

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа