Израел и Хамас договорија петдневно продолжување на примирјето

Од:

Израел и Хамас постигнаа договор за продолжување на примирјето во Појасот Газа за уште пет дена, изјави синоќа  во Каиро шефот на палестинската преговарачка делегација Азам ал Ахмед.

Веста за договорот беше објавена 45 минути пред истекот на рокот на претходното 72-часовно примирје. Новото примирје продолжи од полноќ по локално време и ќе трае до вторник.

Целта на продолжувањето на примирјето е да се даде можност за постигнување на траен договор за прекин на огнот во Газа, изјави Ал Ахмед, кој е еден од лидерите на Фатах.

Меѓутоа, рано изутринава израелската армија изврши напад врз цели во Појасот Газа како одговор на рекетниот напад врз Израел, спроведен непосредно пред продолжувањето на примирјето.

Израелски анонимен претставник изјави дека Израел го прифаќа продолжувањето на прекинот на огнот, но дека армијата има наредба да одговори во случај на негово кршење.

– Израелската армија е подготвена за таа можност и решена е да продолжи да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Израел, соопштија Вооружените сили на Израел.

Два часа пред истекот на претходното примирје врз Израел беа истрелани неколку ракети. Хамас, кој го контролира Појасот Газа, ги отфрли тврдењата дека извршил ракетен напад врз израелска територија.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња