Израел и Бахреин потпишаа Договор за безбедност и соработка

Од:

Израел и Бахреин потпишаа договор за безбедност и соработка. Тоа е прв таков договор што Израел го потпишал со еден од своите нови сојузници помеѓу земјите од Персиски Залив.

– Потпишаниот меморандум ќе воспостави рамка за соработка на разузнавачките агенции и индустриските компании, изјави израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Тој додаде дека една година по потпишувањето на Договорот на Абрахам постигнат е уште еден важен одбранбен договор, што ќе придонесе за безбедноста на двете земји и за стабилност на регионот.

Ганц по средбата со министерот за одбрана на Бахреин, Абдула бин Хасан ал Нуајми, се сретна и со кралот Хамад бин Иса ал Калиф.

Израелскиот министер го посети и седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.

– Во позадина на растечките поморски и воздушни закани, нашата цврста соработка е поважна од кога било, напиша Ганц на Твитер по посетата на поморската база.

Во Бахреин е лоциран ЦЕНТЦОМ – заедничка воена команда на американското Министерство за одбрана на Блискиот Исток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците