Израел: Хезболах „ќе плати дебело“ за нападот

Од:

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го предупреди денеска либанското шиитско милитантно движење Хезболах дека „ќе плати дебело“ за вчерашниот ракетен напад во кој загинаа двајца израелски војници.

Во меѓусебна размена на оган меѓу израелските сили и припадниците на Хезболах загина и еден шпански војник, припадник на мировните сили на ОН.

Двајца израелски војници загинаа, а седум беа повредени, во напад со антитенковска ракета врз воен конвој во пограничниот дел на Либан окупиран од Израел.

Израел одговори на напад со комбинирани удари од воздух и земја, во јужниот дел на Либан.

Советот за безбедност на ОН синоќа одржа итен состанок поради растот на насилствата на израелско-либанската граница.

САД го осудија нападот на Хезболах врз израелски воен конвој. – Го поддржуваме израелското легитимно право на самоодбрана и повторно ги повикуваме сите страни да ги почитуваат сините линии меѓу Израел и Либан, изјави портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини побара итен прекин на борбите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел