Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Од:

Израел денес ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на предадени се искачи на 135, соопшти денес Министерството за здравство на Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас.

Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да врати тела на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“.

Порано денес, канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Хамас мора да го почитува договорот и да ги врати останките на преостанатите 18 убиени заложници кои сè уште се во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски