Израел е најбрз во вакцинацијата против Ковид-19, првата доза ја примиле над милион луѓе

Од:

Повеќе од милион луѓе веќе ја примиле вакцината против коронавирусот во Израел што е околу 10 проценти од населението во земјата. Израел засега е државата која има најдобра стапка на вакцинираност на 100 жители, 11.55.

Зад него е Бахреин со стапка од 3.49, а потоа е Велика Британија со 1.47. Податоците се од сајтот Нашиот свет во податоци (Our world in data), поврзан со универзитетот Оксфорд.

За споредба, Франција има вакцинирано вкупно 138 луѓе од 30 декември.

Бројките се однесуваат на примена прва доза од вакцината. Најголемиот дел од регистрираните вакцини предвидуваат примање две дози.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Израел целосно ги укина ковид-пропусниците

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Бројот на тешко болни со Ковид-19 во Израел најголем од февруари 2021 година