Израел две недели напаѓаше болница во Газа, сега се повлекоа: Убивме 200 терористи

Од:

Израелските сили се повлекуваат, по двонеделна опсада, од болницата Ал Шифа во градот Газа, извести Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое раководи Хамас.

Се уште нема официјална потврда од израелската армија за повлекувањето од болницата.

Опсадата на Ал Шифа беше започната на 18 март, а израелската армија тогаш објави дека станува збор за напад на местото каде што се наоѓаат водачите на палестинската милитантна група Хамас и нивната инфраструктура.

Војската соопшти дека за време на нападот на Ал Шифа, биле заробени повеќе од 500 членови на терористички групи, а околу 200 биле убиени, вклучително и неколку врвни команданти.

Палестинската милитантна група Хамас ги отфрла израелските тврдења дека нејзини членови се во болници во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Во Газа досега загинале 34.596 луѓе

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години