Израел: Диктаторскиот режим во Техеран ја премина линијата и се однесува како варварска терористичка организација

Од:

Израелскиот министер за здравство Уриел Бусо изјави дека Иран „преминал црвена линија“ со нападот врз една од клучните болници во Израел во јужниот град Бершева.

„Црвената линија е премината. Диктаторскиот режим во Техеран ја премина линијата и се однесува како варварска терористичка организација“, напиша Бусо на мрежата X.

Според официјалните изјави на израелските власти, болницата Сорока, еден од водечките медицински центри во земјата, претрпе голема штета по нападот.

Бусо го нарече нападот врз медицинскиот објект „грозоморно воено злосторство“.

Иранската револуционерна гарда (ИРГК) ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека целта бил израелски разузнавачки и команден центар „во близина на болницата“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах каде што е потребно

Над 3.000 убиени во Иран од почетокот на конфликтот со САД и Израел

(ВИДЕО) Иранците го оплакуваат Хамнеи: Завршува 40-дневниот период на жалост

Горан Наумовски

Иран ќе дозволи до 15 бродови дневно да поминуваат низ Ормутскиот теснец

Иран го отфрла клучното барање на САД

Катерина Ѓуровски

Цената на нафтата повторно расте поради сомнежите за примирјето меѓу САД и Иран