Изманик успеал да префрли на своја сметка 817.000 евра

Од:

Измамник успеал минатата недела да префрли на својата сметка 817.000 евра од лабораторија за оптика во Монпеље, откако се претставил дека работи за нивната банка „Сити Банк“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според пишувањето на весникот „Паризиен“, измамникот се јавил во лабораторијата телефонски и им соопштил дека компјутерскиот систем на банката „Сити Банк“ за која наводно работел се сервисирал.

Откако успеал да ја преземе контролата на компјутерите од двајцата вработени во лабораторијата тој успеал да си префрли на својата сметка во Дојче Банк 817.000 евра.

Притоа побарал од вработените во лабораторијата да не се вклучуваат на интернет серверот на нивната банка 48 часа.

Измамата е откриена бидејќи Сити Банк демантира дека вршеле сервисирање на својот информатички систем и успеале во последен момент да ја поништат трансакцијата од 817.000 евра која веќе пристигнала во Дојче Банк.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина