Измама на Трамп со одликување на куче

Од:

Многу медиуми објавија вест дека американскиот претседател Доналд Трамп одликувал куче по име Конан, кое учествувало во акцијата во која беше убиен лидерот на Исламска држава Ел Багдади, а подоцна се докажа дека веста е лага, а фотографијата фотошопирана.

„Американски херој“, напиша Трамп на фотографија на која се гледа медал околу вратот на германскиот овчар, по што медиумите известуваа за одликувањето.

Потоа беше утврдено дека веста е лажна и оти фотографијата од одликувањето всушност е фотошопирана. Немало одликување, а ниту кучето не било во резиденцијата на американскиот претседател, потврдиле од Белата куќа за „Гласот на Америка“.

Белата куќа исто така потврди дека фотографијата е фотошопирана.

Според „Њујорк Тајмс“, оригиналната фотографија што ја преработил Трамп и припаѓа на агенцијата Асошиејтед Прес од настан во 2017 година кога Трамп го одликувал Џејмс Меклохан, ветеран во Виетнамската војна.

Меклохан тогаш бил одликуван затоа што за време на војната спасил животи на десет луѓе.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари