Телата на исчезнатите Најели Тапија (22), Јулијана МасАзуцен (21) и Дениз Рејн (19) се пронајдени покрај реката Есмералдас недалеку од градот Кининда во северозападниот дел на Еквадор.
Според информациите од местото на настанот, девојчињата биле мачени, им биле исечени вратовите, а биле пронајдени во плиток импровизиран гроб. Телата биле пронајдени откако локални рибари забележале како нивните кучиња се задржуваат на брегот на реката и душкаат.
Рибарите за се ги информирале локалните власти откако забележале многу непријатна миризба.
Локалните медиуми објавија дека и девојките биле врзани, а устите им биле покриени со завои.
– Беа млади, облечени за на плажа, во костими за капење, лесна облека, кратки панталони – изјави Диего Веластеги, градски полицаец.
Девојките потекнуваат од градот Санто Доминго де лос Касилас, кој е на околу 80 километри од местото каде што се пронајдени. Последен пат биле видени на 4 април, кога отишле на плажа.
Откако не се вратиле дома и не одговарале на повиците, нивните семејства пријавиле дека се исчезнати. Семејствата велат дека не ги познаваат луѓето што требало да ги сретнат на плажа.
Првите информации велат дека девојчињата биле убиени во селото Малимпији, кое е на околу 15 километри од Куининде. Полицијата наводно го лоцирала автомобилот со кој се превезувале девојките до местото каде што биле убиени. Покрај тоа, полицијата во близина на телото на едно од девојчињата пронашла мобилен телефон и се надева дека ќе им помогне да го разрешат случајот.
Девојките се погребуваат за време на Велигден.