Изгубеното животно во Париз не било тигар, туку друг ѕвер од родот мачки

Од:

Животното по кое од вчера трагаат околу 200 лица во парискиот регион, според локалните власти не е тигар, јави дописникот на МИА од Париз.

Имено, експертите од Националното биро за лов и дива фауна и од Паркот на мачките, утврдиле дека не станува збор за тигар, туку дека станува збор за друго животно од родот на мачките.

Додека животното е се уште на слобода, анализата на трагата оставена изутринава во близината на една бензиска станица на автопатот А4, довела до заклучокот дека не станува збор за тигар. Локалните власти не дадоа други детали во своето соопштение.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм