Пожарот што утрово го зафати последниот кат на една висока бизнис зграда во квартот Дефанс во западниот дел на Париз е изгаснат, пренесуваат француските медиуми.
Во пожарот, што траел околу еден час, нема повредени, јави „Раша тудеј“.
Густ чад ги зафати последните катови на кулата „Кер Дефанс“, од каде се евакуирани околу 150 вработени. Противпожарните екипи стигнале брзо на месотото на пожарот, што избувна денеска околу 10 часот наутро, пренесува весникот „Фигаро“.
Локалниот службеник Ерв Бон за РТ изјави дека пожарот избувнал во системот за вентилација на бизнис зградата, но дека станува за помал инцидент во кој никој во зградата не бил загрозен.
Во околината на кулата се наоѓаат уште десетина облакодери, во кои се наоѓаат седишатата на голем број банки, осигурителни компании, како и нафтениот гигант „Тотал“.