Изгаснат големиот пожар во компанијата „ОВХ“ во Стразбур, специјализирана за давање услуги на интернет сервери

Од:

Пожарот, кој избувна околу 1 часот по полноќ во зградата на компанијата „ОВХ“ во Стразбур, специјализирана за компјутерски и интернет сервери, утринава е изгаснат, но повеќе интернет портали не се достапни на пазарот на вести.

Во гаснењето на пожарот, што се појави во објектот во областа на пристаништето на Рајна, на истокот од Стразбур, мобилизирани беа околу 100 пожарникари и 43 возила.

-Благодарение на силната мобилизација на пожарникарите, спречена беше поголема штета на објектот, соопшти префектурата во соопштение за јавноста. И Германските власти ставија на располагање свои оперативни средства.

Префектурата појасни дека зградата не е класифицирана како опасна за природната и животната средина, спротивно на она што првично се најави. Таа, исто така, соопшти дека не е откриено токсично загадување и покрај големото количество чад.

Во пожарот нема жртви. Пожарникарите работеа на тоа пожарот да не се прошири на другите згради, а се појави преку серверите сместени во четирикатната зграда на „ОВХ“.

-Веројатно ќе бидат погодени сите наши клиенти од овој центар за податоци, соопшти компанијата на Твитер.

Поради овој пожар, неколку интернет страници и портали се непристапни меѓу кои владиниот портал за податоци.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата